Информации, најнови вести и совети во врска со појавата на coronavirus (COVID-19).
Information, updates and advice about the outbreak of coronavirus (COVID-19).
На оваа страница (On this page)

Ако сте загрижени, јавете се на дежурната линија за coronavirus на 1800 675 398 (24 часа).
Ако ви треба преведувач, јавете се на TIS National на 131 450.
Ве молиме јавете се на Три Нули (000) само во итни случаи.

Што мора да запаметите (What you must remember)

  • Ако имате симптоми на коронавирус (coronavirus), тестирајте се.
  • Ако се чувствувате болни, останете дома. Не ги посетувајте роднините и не одете на работа. 
  • Мијте ги рацете, покривајте се со хартиено марамче или ракав кога кашлате или кивате, држете се 1,5 метар настрана од секој со кого не живеете заедно.
  • Мора да продолжите да работите од дома, ако можете.
  • Главниот здравствен началник (Chief Health Officer) може да ги промени рестрикциите, ако се промени ситуацијата.

Најнови рестрикции во Викторија (Latest restrictions in Victoria)

Од 2 јули, различни рестрикции се на сила во некои делови на Викторија.

Рестрикции во цела Викторија

Од 2 јули:

  • Шопинг центрите и пазарите на отворено мора да го ограничат бројот на купувачите.
  • Луѓето кои живеат надвор од населбите за кои важат посебни рестрикции, може да патуваат во тие населби само заради четири причини:
  1. Купување на храна или други основни продукти
  2. Заради давање нега, од милосрдни причини или заради медицински третман  
  3. За вежбање на отворено
  4. Работа или образование, ако не можете да работите или учите од дома

Рестрикциите од 22 јуни (наведени подолу) сеуште се на сила во цела Викторија. Покрај нив:

Населби со посебни рестрикции

Од 2 јули, рестрикциите од Фаза 3 Останете дома (Stage 3 Stay at Home) важат за овие населби:

  • 3038 – Keilor Downs, Keilor Lodge, Taylors Lakes, Watergardens 
  • 3021 – Albanvale, Kealba, Kings Park, St Albans 
  • 3012 – Brooklyn, Kingsville, Maidstone, Tottenham, West Footscray 
  • 3042 – Airport West, Keilor Park, Niddrie, Niddrie North
  • 3064 – Craigieburn, Donnybrook, Mickleham, Roxburgh Park, Kalkallo 
  • 3047 – Broadmeadows, Dallas, Jacana 
  • 3060 – Fawkner 
  • 3032 – Ascot Vale, Highpoint City, Maribyrnong, Travancore 
  • 3046 – Glenroy, Hadfield, Oak Park 
  • 3055 – Brunswick South, Brunswick West, Moonee Vale, Moreland West 

and from 5 July

  • 3031 – Kensington, Flemington
  • 3051 – North Melbourne, Hotham Hill

Од 2 јули, ако живеете во некоја од овие населби, има само четири причини заради кои може да излезете од дома

  1. Купување на храна или други основни продукти
  2. Заради давање нега, од милосрдни причини или заради медицински третман  
  3. Заради вежбање (на отворено, заедно со само едно лице или член на вашето домаќинство)
  4. Работа или образование, ако не можете да работите или учите од дома

Не смеете да примате посетители во вашиот дом или да одите во посета, освен заради нега и милосрдни причини. Не смеете да патувате освен заради некоја од погоре наведените причини.

Рестрикциите ќе важат за активности и простории во овие населби:

  • рестораните и кафетериите може да служат само храна што ќе се јаде надвор од нив (takeaway) или се испорачува дома
  • пабови, барови и клубови ќе бидат затворени, освен за служење на храна што ќе се јаде надвор од нив (takeaway) или алкохол
  • салоните за убавина и лична нега мора да бидат затворени, освен фризерските салони и берберниците 
  • ќе бидат затворени библиотеките, комуналните простории, спортските центри и туристичките објекти за сместување
  • ќе бидат затворени галериите, музеите, историските знаменитости, зоолошките градини, забавните паркови на отворено и аркадите, центрите за играње, кината под покрив и на отворено (drive-in), концертните сали, театрите, аудиториумите, арените, стадионите, касината и просториите за обложување (gaming)
  • ќе бидат затворени спортските објекти под покрив и на отворено, вклучувајќи ги теретаните (сали за вежбање), објектите за тренирање и пливачките базени. Лични тренинзи на отворено се дозволени со лимит од двајца учесници, плус инструкторот
  • венчавките ќе бидат ограничени на пет лица (двојката, двајца сведоци и лицето што ја извршува венчавката (celebrant))
  • погребите ќе бидат ограничени на 10 ужалени лица, плус тие кои се потребни за извршување на погребот
  • венчавките или погребните церемонии што се одржуваат во приватно живеалиште ќе бидат ограничени на членовите на домаќинството, плус лицата потребни за извршување на церемонијата.

Верски церемонии и богослужби може само да се извршуваат „онлајн“.

Учениците може да појдат во училиште кога ќе почне третото тримесечје (Term 3).

Ако живеете во населба за која важат посебните рестрикции, а сега сте на одмор, може да продолжите со вашиот одмор.
 

Учество на заедницата и зголемено тестирање за КОВИД-19 (COVID-19) во населбите (COVID-19 community engagement and increased testing in suburbs)

Во населбите со зголемена раширеност на коронавирусот (coronavirus), ќе одиме од врата до врата заради давање информации и тестирање.
 
Тие информации вклучуваат каде да се тестирате и како да побарате финансиска или друга помош ако треба да е самоизолирате. 
 
Ќе добиете текстуална порака ако во вашата област има лица што може да ви дојдат на врата.

Ако ви треба преведувач за да зборувате со нив (лицата што ќе би дојдат на врата), јавете се на TIS National на 131 450.
 
Во овие населби ќе бидат на располагање комбиња за тестирање и комплети за тестирање со брис и плунка.
 

Сегашни рестрикции ако не живеете во населбите со посебни рестрикции (Current restrictions – unless you are in a restricted postcode)

  • Мијте ги рацете, покривајте ги устата и носот кога кашлате или кивате, и одржувајте безбедно растојание од 1,5 метар од други луѓе.
  • Ако се чувствувате болни, останете дома. Не го посетувајте семејството и не одете на работа.
  • Ако имате симптоми на коронавирус (coronavirus), мора да се тестирате
  • Мора да продолжите да работите од дома, ако можете.
  • Ако го посетувате семејството или пријателите, мора да се држите на растојание – без ракување и без прегрнување. Со тоа ќе ги заштитите луѓето кои ги сакате. 
  • Главниот здравствен началник (Chief Health Officer) може да ги промени рестрикциите, ако се смени ситуацијата.  

Од недела, 21 јуни 2020 во 11:59 навечер, некои рестрикциите се променети. Некои најавени рестрикции се одложени или променети, за да се намали бројот на луѓето што може да се собираат. Таа промена е направена бидејќи бројот на случаите на коронавирус (coronavirus) во Викторија е зголемен. 

Од 22 јуни, не повеќе од 5 лица може:

  • Да дојдат кај вас дома во исто време. 

Од 22 јуни, до 10 лица може:

  • Да се собираат на јавно место, внатре или надвор.

Од 22 јуни, до 20 лица може:

  • Да одат во ресторан, кафетерија, паб или бар, со до 20 лица по соба. Алкохол може да се служи без јадење, но гостите мора да седат. Максимален број на лица во една група е 10.
  • Да спортуваат и да вежбаат внатре или надвор. Да одат во спортски центри, вклучувајќи гимнастички сали и пливачки базени. Класовите се ограничени на 10 лица за секоја групна активност.
  • Да одат во верски објекти или мали религиозни церемонии, покрај луѓето кои го организираат настанот.
  • Да одат во салони за разубавување или спа, во салони за сончање, депилација, маникирање, тетовирање или масажа.
  • Да присуствуваат на венчавки, плус лицето што ја води венчавката и младенците. Ако церемонијата се одржува во приватна куќа, може да присуствуваат најмногу 5 посетители, плус лицето што ја води венчавката.
  • Да одат во културни и социјални центри, библиотеки или клубови на заедницата.
  • Да посетуваат галерии, музеи, кина, театри, историски знаменитости, забавни паркови на отворено или зоолошки градини. На отворено, дозволено е само по едно лице на секои четири квадратни метри.
  • Да патуваат и резервираат сместување и/или да кампуваат во Викторија.  


До 50 лица може да присуствуваат на погреби (внатре или надвор), покрај лицето што го води погребот и друг погребален персонал. Ако погребната церемонија се одржува во приватен дом, најмногу 5 лица може да присуствуваат. 

Спорт во заедницата: тренинзи и натпревари во контактни спортови може повторно да почнат за лица на 18 години или помлади. Натпревари во неконтактни спортови може повторно да почнат за лица на сите возрасти. 

Запамтете да бидете внимателни, да се заштитувате и да користите здрав разум. Ако можете да работите од дома, мора да работите од дома. Излегувајте надвор само кога е потребно.

Еднократна исплата од 1.500 долари е на располагање за да им се помогне на викториските работници кои ги исполнуваат условите, кај кои е поставена дијагноза на коронавирус (coronavirus) или имале близок контакт со потврден случај. За повеќе информации јавете се дежурната линија за коронавирус (coronavirus) на 1800 675 398 (24 часа дневно). Ако ви треба преведувач, јавете се на TIS National на 131 450.

Ресурси (Resources)

Ве молиме користете ги материјалите наведени подолу и споделувајте ги со вашата заедница по имејл, социјални медиуми или други мрежи на заедницата.